Дома Фудбал Англија Агуеро: Кој не би сакал да игра со Меси?

Агуеро: Кој не би сакал да игра со Меси?

Се поизвесно е дека Серхио Агуеро ќе го напушти Манчлестер Сити после десет години.

Аргентинецот оваа сезона мака мачи со повредите. Последниот натпревар го одигра на 3. јануари и оваа сезона се уште не одиграл 90 минути во некој натпревар.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Меѓутоа „граѓаните“ и без него газат се пред себе и се во серија од 17 победи во низа.

Агуеро гостуваше во една онлајн емисија која во живо ја следеа повеќе од 10.000 луѓе. Таму зборуваше за својата иднина, но и за тоа со кој играч би сакал да ја дели соблекувалната.

„Кога во прашање е мојата иднина, тука сум каде што сум засега. Не се оптеретувам премногу. Се уште не знам каде ќе играм во јуни кога ќе ми истече договорот. Меси? Кој не би сакал да игра со него“, изјави Агуеро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…