Дома Трансфер зона Агентот потврди: Стерлинг може да се врати во Ливерпул

Агентот потврди: Стерлинг може да се врати во Ливерпул

Пред неколку дена еминентниот спортски весник „Екип“ лансираше „бомба“ и пренесе дека во Ливерпул размислуваат да испратат сензационална понуда за ѕвездата на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Стерлинг е спремен да го напушти Манчестер Сити доколку остане на сила казната на „граѓаните“ за неиграње во Лигата на шампиони во следните две години.

Тој неодамна и јавно призна дека нема ништо против да се врати во Ливерпул, клуб каде ја доживеа фудбалската афирмација.

„Екип“ тврди дека Стерлинг е отворен за враќање на „Енфилд“ и покрај фактот што таму е омразен поради начинот на кој го напушти клубот во 2015 година.

На оваа тема се огласи и агентот на Стерлиг и додатно ги разгоре шпекулациите.

„Иако има договор со Манчестер Сити, Стерлинг не го заборавил Ливерпул бидејќи таму израсна како човек и фудбалер. Вистина дека имаше многи искри кога замина, но од тогаш помина многу време. Мислам дека се е можно“, изјави агентот на Англичанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…