Дома Фудбал Авторот на интервјуто: Роналдо го направи ова плански и задоволен е од реакциите

Авторот на интервјуто: Роналдо го направи ова плански и задоволен е од реакциите

Скандалозното интервју на Кристиано Роналдо во кое го критикува Манчестер Јунајтед и менаџерот Тен Хаг и понатаму е тема број еден на Островот.

Португалецот побарал да биде интервјуиран од Пирс Морган, кој сега открива дека Роналдо точно го знаел епилогот и го направил тоа плански.

„Роналдо е задоволен од тоа како се движат работите. Тој знаеше што и како треба да каже и задоволен е од реакциите. Кристијано не прави ништо без претходен план“, изјави Морган.

„Неговото фудбалско наследство не зависи од неколку месеци под водство на менаџер кој не го почитува. Тој е најдобриот фудбалер на сите времиња, ќе го покаже тоа и на Светското првенство“, додаде Морган.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Форест шутира, но головите ги нема: Гибс-Вајт верува во пресврт

Со 137 удари и само шест гола во Премиер лигата, Нотингем Форест има сериозен проблем со р…