Дома Фудбал Италија Абрахам за заминувањето од Челзи: Видов како Де Брујн, Салах и Лукаку заминуваат и стануваат најдобри

Абрахам за заминувањето од Челзи: Видов како Де Брујн, Салах и Лукаку заминуваат и стануваат најдобри

Напаѓачот на Рома, Тами Абрахам отворено зборуваше зошто го напушти Челзи минатото лето.

Високиот англиски напаѓач минатото лето за 45 милиони евра ја засили Рома. Беше желба на Жозе Мурињо кој беше свесен за неговите квалитети. Абрахам се покажа како полн погодок за „волчицата“ и постигна 24 гола оваа сезона и веќе се шпекулира дека Челзи сака да го врати.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Во договорот на напаѓачот постои клазула според која Челзи може да го откупи, но таа може да се активира дури во 2023 година и тоа за 80 милиони евра. Сепак судејќи според последната изјава на Абрахам изгледа дека самиот тој нема преголема желба за враќање.

„Видов како Де Брујн, Салах и Лукаку заминуваат и ги шират своите крилја. Сега се најдобри играчи на светот, затоа си заминав и јас“, изјави Абрахам.

Лукаку се врати во Челзи и е далеку од формата со која играше во Интер, а Абрахам очигледно нема намера да ги следи неговите стапки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…