Украина побара од сопственикот на Челзи, Роман Абрамович да помогне во преговорите со Русија за мир.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Абрамович во саботата излезе со соопштение дека се повлекува од раководната функција на Челзи, доверувајќи им го клубот на свои блиски соработници




Рускиот милијардер сега ќе се обиде да издејствува мирно решавање на воениот конфликт.
„Можам да потврдам дека на Абрамович му се обрати Украина. Тој се обидува да помогне“, рекол портпаролот на Абрамович.




Роман Абрамович има израелско потекло, тој има блиски врски со еврејските заедници во Русија и Украина.
Долго време се шепкулира дека Абрамович е во блиски пријателски односи со рускиот претседател Владимир Путин.