Дома Фудбал Англија Навивач на Манчестер Јунајтед понудил двојно повеќе отколку што бара Абрамович за Челзи

Навивач на Манчестер Јунајтед понудил двојно повеќе отколку што бара Абрамович за Челзи

Oткако Велика Британија воведе санкции за Роман Абрамович, рускиот олигарх се најде во ситуација да мора да го продаде Челзи. Сега се појави нов кандидат за купување на „сините“.

Еден од најбогатите Британци Сер Џим Ретклиф испратил понуда од 4.25 милијарди фунти за купување на Челзи. Претходно се пишуваше дека Абрамович бара сума од две милијарди фунти за Челзи кој го купи во 2003 година, а сега Ретклиф нуди двојно повеќе.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според „Тајмс“ 69-годишникот кој израснал како навивач на Манчестер Јунајтед веќе ги имал првите разговори со раководството. Најавите се дека тој ќе вложи дополнителни 1.75 милијарди за засилување на тимот и надоградба на стадионот.

„Испративме понуда утрово. Ние сме единствените Британци со испратена понуда. Нашите мотиви се едноставни – да создадеме силен клуб во Лондон. Немаме мотиви за остварување посебен приход затоа што заработуваме на други начини. Челзи е национално злато, има навистина голем статус во Англија и Европа, но нема доминација како на пример: Баерн, Реал или Барселона. Нашата амбиција е да воспоставиме таква доминација, сакаме Лондон да добие таков клуб“, изјави Ретклиф.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…