Дома Фудбал Зјелински играше три минути, се повреди и сега го чека пауза

Зјелински играше три минути, се повреди и сега го чека пауза

Играчот на Интер Пјотр Зјелински ќе отсуствува неколку недели од теренот поради повреда на листот, соопшти италијанскиот клуб.

Зјелински се повреди во саботата, во победата против Монца 3:2 во Серија А. Тој влезе во игра во 70. минута, но само три минути подоцна мораше да го напушти теренот.

Клубот од Милано соопшти дека после лекарските прегледи е утврдено дека фудбалерот ги истегнал мускулите на листот од десната нога.

„Состојбата на полскиот фудбалер од средината на теренот ќе биде оценета за неколку недели“, се наведува во соопштението.

Зјелински сигурно ќе ја пропушти утрешната реванш-утакмица од осминафиналето на Лигата на шампионите против Феенорд, во 21 часот во Милано. Оваа сезона тој одигра 33 натпревари во сите натпреваруања и постигна два гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Леао сака само во Галатасарај, на Аморим му паѓа огромен товар од грбот?

Милан успешно ја започна новата сезона во италијанското првенство во недела вечер, но побе…