Дома Фудбал Зицер за голови: Барселона вечерва ќе се соочи со тренер против кој постигнала 85 голови!

Зицер за голови: Барселона вечерва ќе се соочи со тренер против кој постигнала 85 голови!

Фудбалерите на Барселона вечерва се среќаваат со Олимпијакос, што значи и средба со Хосе Луис Мендилибар.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Се работи за легендарниот шпански стратег, кој му донесе трофеј на Олимпијакос во Конференциската лига. Пред да пристигне во Грција, Мендилибар водеше шест клубови против Барса: Ваљадолид, Осасуна, Еибар, Леванте, Алавес и Севиља.

Од 2007 до 2023 година, Мендилибар се сретнал со Барселона дури 27 пати, а статистиката вели дека забележал дури 23 порази, три нерешени исходи и само една победа, која ја извојува против Барселона на Пеп во сезоната 2011/12.

Најзабележителниот податок е дека Мендилибар против Барселона примил 85 гола, што е просек од над три гола по меч.

Очигледно ова е вистински избор за обложувачи кои сакаат голови, а натпреварот на „Монжуик“ е закажан за 18.45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еден од најдобрите во светот нема да игра на вториот натпревар Баерн – ПСЖ?!

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ПСЖ и Баерн им понудија …