Сезоната за бразилскиот фудбалер Габриел Жезус е завршена затоа што ги скина лигаменти на коленото и го очекува долга рехабилитација, па поради тоа Арсенал започна да бара решение во нападот и изгледа дека се подготвува неочекуван трансфер.
Габриел Жезус во последно време почна да игра во старата форма која го красеше додека го носеше дресот на Манчестер Сити, но сѐ е прекинато на најлош можен начин.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Бразилецот пред неколку дена доби повреда на коленото, а деталните прегледи утврдија дека станува збор за вкрстените лигаменти.
Јасно е дека ова е една од најтешките повреди за еден фудбалер, така што сезоната за Габриел Жезус официјално заврши.
Англиските медиуми пишуваат дека Арсенал започнал акција и дека е одлучено да се обидат до крајот на јануари да доведат напаѓач.
На листата на желби на лондонскиот клуб се наоѓаат неколку имиња, но на „Емирати“ се свесни дека позвучен трансфер е тешко остварлив додека сезоната е во полн ек.
Сепак, Арсенал пронајде напаѓач кој со задоволство би дошол на „Емирати“, а тоа е Елие Вахи од Марсеј.