
Во дербито од 13. коло во Втората македонска лига, одиграно денеска на теренот во Сингелиќ, Брегалница извојува значајна победа во трката за врвот, совладувајќи ја Шкендија Арачиново со 2-1.
Домаќините тргнаа поагресивно и преку Љамалари рано дојдоа до предност. Сепак, штипјани не се предадоа – во самиот финиш од првиот дел Карчески ја затресе мрежата и ја врати рамнотежата.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Израмнувањето ја вжешти атмосферата покрај аут-линијата, а тензиите кулминираа токму на паузата. При заминувањето во соблекувалните, редар физички насрна на фудбалер на Брегалница, по што стартот на вториот дел беше одложен. Натпреварот продолжи, но со по едно исклучување на двете страни, па тимовите во продолжението играа со по десет фудбалери.
Вториот дел помина многу помирно, без нови инциденти, а Брегалница ја потврди победата преку Хусеин Демири, кој го постави конечниот резултат.
Со триумфот, штипскиот состав се доближи на два бода зад лидерот Шкендија, која останува на челната позиција.
ВМФЛ 13. КОЛО – РЕЗУЛТАТИ:
Беласица – Новаци 0-1
Детонит – Преспа 1-1
Скопје – Тетеекс 2-1
Осогово – Вардар Неготино 5-1
Победа – Кожуф Гевгелија 0-1
Слога Виница – Каменица Саса 2-6