Дома Фудбал „Земјотрес“ во Каталонија: Меси се враќа во Барселона, а познато е и кога!?

„Земјотрес“ во Каталонија: Меси се враќа во Барселона, а познато е и кога!?

Навивачите на Барселона утрово се во еуфорија бидејќи се појави вест на социјалните мрежи дека Лионел Меси има план да се врати во каталонскиот клуб и веќе е јасно кога тоа ќе се случи.

Меси ги помина најдобрите денови од својата кариера во Барселона, со која освои многу титули и повеќе од десет години играше на неверојатно ниво за овој клуб.


Предизвик за нутриционист: Која храна е поздрава!? ↓↓↓


Но, летото 2021 година фудбалскиот свет беше шокиран со веста дека нема да го продолжи договорот поради финансиските проблеми на Барселона, а Меси се прости од навивачите во солзи пред да потпише за ПСЖ.

По две години во францускиот клуб, премина во Интер од Мајами и се очекуваше дека својата кариера би можел да ја заврши во Америка, но како стојат работите, Меси има поинаков план.

Навивачите на Барселона утринава ги разбуди веста дека, според многу, најдобриот играч на сите времиња се враќа во каталонскиот клуб каде што сака да ја заврши својата играчка кариера.

Оваа вест ја објави шпанскиот новинар Алекс Кандал, а истата се прошири со брзина на светлината на социјалните мрежи.

Тој објави дека Меси на лето ќе се врати во Барселона и дека Интер нема да му прави проблеми околу тоа, бидејќи и во Мајами знаат колку Аргентинецот е приврзан за каталонците.

Меси сака да игра на новиот „Камп Ноу“ и неговата цел е да одигра барем уште една сезона во дресот на Барселона.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Беше дел од Милан како фудбалер, освои СП со Италија, а сега „росонерите“ го вратија како тренер!

Поранешниот светски првак со италијанската репрезентација и поранешен фудбалер на АЦ Милан…