
Изградбата на најголемиот стадион во светот официјално започна. Стадионот ‘Тронг Донг’ ќе има капацитет од 135.000 седишта и ќе биде дом на репрезентацијата на Виетнам.
Виетнам во 2028 година ќе стане држава со најголем стадион во светот. Изградбата на стадионот кој го носи името ‘Тронг Донг’ официјално започна и ќе има капацитет од 135.000 седечки места, а на други настани кои не се спортски, многу повеќе и од оваа бројка.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
Ќе го надмине така стадионот ‘Рунградо’ во Северна Кореја кој моментално ја држи титулата најголем со капацитет кој варира од 114, па до дури 150 илјади, но со околу 133.000 седечки места, и стадионот за крикет во Индија – ‘Нарендра’, чиј капацитет е 132.000 места.
Изградбата на овој стадион треба да биде завршена до крајот на 2028 година. Интензивно се работи на него и ќе биде нешто навистина уникатно.
Секако, на него ќе има апсолутно се што е потребно за организација на големи натпревари. Она што е најважно е што ќе има подвижен покрив, па покрај спортските случувања ќе може да угости и разни други активности преку целата година.
Технолошки, тоа ќе биде најмодерниот стадион во светот. Ќе има паметни седишта, автоматски систем за замена на теренот, како и безбедносно следење во секој момент.