Дома Фудбал За верувале или не: Еди Хау стана првиот Англичанец кој освоил трофеј уште од 2008 година

За верувале или не: Еди Хау стана првиот Англичанец кој освоил трофеј уште од 2008 година

Фудбалерите на Њукасл пред два дена го победија Ливерпул на Вембли со 2:1 и го освоија Лига купот на Англија.

Така, овој клуб го освои својот прв трофеј по 70 години, а до него го предводеше тренерот Еди Хау, што е многу важен податок за сите Англичани.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Имено, Хау е првиот англиски тренер кој освоил некаква титула на домашен терен од далечната 2008 година.

Последниот англиски стратег кој успеал да освои трофеј беше познатиот Хари Реднап, кога со Портсмут сензационално го освои ФА купот пред 17 години.

Звучи неверојатно, но ниту еден англиски тренер никогаш не ја освоил Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почнува она вистинското: Четвртфинале на Лигата на шампионите и пет нешта кои мора да ги знаете

Пред нас е четвртфиналето на Лигата на шампионите – со него доаѓаат историски дуели, можно…