Атлетико Мадрид го победи Слован Братислава со 3:1 во Мадрид во шестото коло од воведната фаза на Лигата на шампионите.
На тој натпревар, за прв пат во историјата, татковците ги тренираат своите синови во двата тима.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За тимот на Атлетико настапуваше 21-годишниот Џулијано Симеоне, син на тренерот Диего. За гостите настапи Владимир Вајс Јуниор, синот на истоимениот тренер на Слован.
За шпанскиот тим двапати погоди Антоан Гризман (42′ и 57′), а еднаш погоди Јулијан Алварез (18′).
За гостите од Словачка, Давид Стрелец погоди од пенал во 51. минута. Тоа беше шести пораз на Слован во шест кола, што значи дека словачкиот шампион повеќе нема шанси да се пласира во второто коло од натпреварувањето.