Дома Фудбал Втор отказ во Премиер лигата за еден ден. На тренерот му пресуди петарда од Тотенхем

Втор отказ во Премиер лигата за еден ден. На тренерот му пресуди петарда од Тотенхем

Раководството на Саутемптон синоќа го отпушти тренерот на првиот тим Расел Мартин, објави англискиот премиерлигаш на својата официјална веб-страница.

Со само пет бода од 16 натпревари, Саутемптон е врзан на дното на табелата во Премиер лигата, а неделниот пораз на домашен терен (0:5) од Тотенхем му пресуди на Мартин.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Можеме да потврдиме дека донесовме тешка одлука да се разделиме со нашиот прв тренер, Расел Мартин.

Би сакале да ја искористиме оваа прилика да им се заблагодариме на Расел и неговиот персонал за сета напорна работа и посветеност што му ја дадоа на клубот на и надвор од теренот во последните 18 месеци.

Сите кои се поврзани со Саутемптон секогаш ќе имаат фантастични спомени од минатата сезона, особено од победата во финалето од плеј-офот во мај“, стои во официјалното соопштение.

Само неколку часа пред неговото отпуштање, Вулверхемптон го отпушти Гери О’Нил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Беше чудо во Манчестер јунајтед, а сега Челси го брка на 22 години?

Иднината на Алехандро Гарначо во Челси е многу неизвесна, бидејќи медиумите во Јужна Амери…