Дома Фудбал Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалните мрежи ги објави страшните пораки и навреди кои ги доби од „навивачите“ по мечот со Јувентус.

По ова тој јавно се пожали дека тоа е неприфатливо и посочи дека тој е жртва на напади и расистички навреди на социјалните мрежи.

„Никој никогаш не треба да биде подложен на гнасно, расистичко и заканувачко малтретрање што го добив на интернет по синоќешниот натпревар“, сподели самиот Вокер.

Ова не е првпат вакви навреди да се упатуваат кон него, а во негова одбрана излезе Манчестер Сити.

„Манчестер Сити најостро го осудува расистичкото малтретирање на Кајл Вокер на интернет по синоќешниот натпревар. Одбиваме да толерираме дискриминација од секаков вид, без разлика дали на стадионите или на интернет. Ќе му дадеме целосна поддршка на Кајл по одвратниот третман што го доби“, истакнаа од клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рамос откри зошто сакал да си оди од ПСЖ: Во Милан конечно имам простор

Португалскиот напаѓач побарал заминување уште во јануари, но ПСЖ го задржал до летото. Во …