Дома Фудбал Во Воска се бесни: Размислуваат да ја напуштат лигата – објавија и видео натпреварот со Вардар!

Во Воска се бесни: Размислуваат да ја напуштат лигата – објавија и видео натпреварот со Вардар!

Екипата на Воска Спорт преку соопштение на социјалните мрежи информраше дека размислува да го напушти првенството.

Во Воска објавија и видео од натпреварот против Вардар со ситуации за кои сметаат дека се оштетени.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Соопштението ви го пренесуваме во целост:

„Двојни стандарди на мечот против Вардар.

Дуелот против Вардар беше проследен со серија на контроверзни одлуки од страна на главниот судија Стојанче Стојанов и неговите асистенти Александар Ѓорѓиески и Мартин Петковски кои го оштетија нашиот тим во 28. коло од Првата лига.

Овие се само некои од моментите кои ги отсликуваат двојните стандарди на мечот:

1. Регуларен гол за нашиот тим кој е поништен. Сликата е јасна, нашиот играч не игра со рака, ама судијата го поништи голот.

2. Идентична ситуација се случи една минута подоцна на спротивната страна. Играч на Вардар ја сопира топката со рака, но судијата дозволи играта да продолжи како ништо да не било.

3. Недосуден пенал – нашиот играч беше фаулиран во шеснаесетникот, но немаше реакција.

4. „Гол“ кој не беше гол. Топката не ја мина гол-линијата, но судијата реши да му направи услуга на противникот.

Овие моменти се само дел од неправдите кои ги почувствувавме за време на мечот, ама не беше така само и на овој дуел, туку и на други мечеви оваа сезона. Едностраните одлуки не се обични грешки, туку прават штета на првенството.

Во оваа ситуација, ние како клуб размислуваме дали да продолжиме да играме во лигата, а ќе информираме за тоа во следните денови.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул спреми 70 милиони за Гринвуд

Мејсон Гринвуд, кој претходно беше дел од Манчестер Јунајтед, сега блеска во француската л…