Дома Фудбал Во ПСЖ бесни: Испратиле писмо до федерацијата!

Во ПСЖ бесни: Испратиле писмо до федерацијата!

Фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен испрати денеска писмо до Фудбалската федерација на Франција (ФФФ) со барање за воспоставување нов медицински протокол и подобра координација, со цел намалување на повредите на играчите.

Незадоволство во ПСЖ беше изразено откако на националниот собир се повредија играчи од клубот, Усман Дембеле и Дезире Дуе.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Дембеле ќе биде отсутен од теренот од шест до осум недели поради повреда на мускул, додека Дуе ќе отсуствува најмалку четири недели поради повреда на колено.

Двајцата играчи се повредија на натпреварот од првото коло на квалификациите за Светското првенство против Украина во Вроцлав, каде Франција победи со 2:0.

ПСЖ, како актуелен европски шампион, подвлече дека им доставил медицински податоци на ФФФ пред националниот собир, но дека тие не биле разгледани од медицинскиот тим на репрезентацијата.

Селекторот на Франција Дидие Дешан изјави дека репрезентацијата секогаш имала добри односи со клубовите, но дека ги разбира реакциите на ПСЖ.

“Да сум во клуб, би чувствувал исто… Но, не постои нулта ризик. Единствен начин да не ризикувате е да ги оставите играчите на клупа”, додаде тој.

Дешан како примери за добра соработка со клубовите ги спомна Вилијам Салиба (Арсенал) и Рајан Шерки (Манчестер Сити).

“Протоколот предвидува дека во понеделник наутро доаѓаат во Клермонфонтен за почеток на собирот за да се потврди повредата, но јас не ги повикав”, изјави Дешан, додавајќи дека Дембеле немаше да игра ако не се чувствуваше подготвен.

Како замена во француската репрезентација беше повикан играчот од середниот ред на саудискиот Ал-Наср и поранешен член на Бајерн, Кингсли Коман.

Франција во вторник во Париз ќе го пречека Исланд, во второто коло од Групата Д на квалификациите за Светското првенство 2026. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На повидок потпис: Се најде клуб кој сака да му даде шанса на Деле Али

Рексам оваа сезона е решен сериозно да се вмеша во борбата за промоција во Премиер лигата.…