
Квалификациите за Светското првенство во Европа завршија, и останаа уште плејоф натпреварите за да се пополнат последните четири места за Мундијалот од нашиот континент.
Време е да се сумираат резултатите, и по завршувањето на квалфикациите јасно е која е најслабата европска репрезентација.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Репрезентацијата на Лихтенштајн не успеа да постигне ниту еден гол, завршувајќи ги квалификациите со осум порази и гол разлика од 0:31.
И двете репрезентации, Гибралтар и Сан Маринo, беа подобри од Лихтенштајн, постигнувајќи три, односно два гола.
Ова е седми пат една репрезентација од Европа да заврши квалификации без победа и без постигнат гол. Претходно, ова го доживеале Андора (во 2014 година), Малта (во 2010 година), Лихтенштајн повторно (во 2002 година), Сан Марино (во 1998 година), повторно Малта (во 1978 година) и Кипар (во 1966 година).
🇱🇮 Лихтенштајн ги заврши квалификациите за СП 2026 без постигнат гол. Ова е седми таков случај откако постои УЕФА (1954).
— Cezary Kawecki | Statystyki piłkarskie 📊 (@CezaryKawecki) November 19, 2025
2026 – 🇱🇮 Лихтенштајн (0:31) 🆕
2014 – 🇦🇩 Андора (0:30)
2010 – 🇲🇹 Малта (0:26)
2002 – 🇱🇮 Лихтенштајн (0:23)
1998 – 🇸🇲… pic.twitter.com/Vs4N4yIKb9
Така, Лихтенштајн успеа да биде полош дури и од најлошо рангираната европска репрезентација, Сан Марино.
Сан Марино беше во групата со „Змаевите“ и постигна два гола во два натпревари против несреќните Романци.
Забележително е дека Лихтенштајн е единствената членка на УЕФА која не организира своја национална лига. Сите клубови играат во Швајцарија, а најуспешен е ФК Вадуц, кој се натпреварува во второто највисоко швајцарско натпреварување. Во сезоната 2022/23, влезе во групната фаза на Конференциската лига благодарение на високите кофициенти за својата земја.
Покрај Лихтенштајн, на дното на ранг-листата на ФИФА се наоѓаат само Бахами, Американски Девствени острови, Британски Девствени острови, Ангуила и спомнатиот Сан Марино.