
Душан Влаховиќ, српскиот напаѓач, не успеа да се адаптира добро во редовите на Јувентус, па се чини дека на лето ќе биде неизбежно неговото заминување.
Оваа сезона не му оди најдобро, а со доаѓањето на Рандал Коло Муани во зимскиот трансфер прозорец, неговиот статус во тимот значително се влоши.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Со тек на време, Влаховиќ ќе влезе во последната година од договорот, што ја прави ситуацијата погодна за Јувентус да го продаде.
Најголем интерес за него пројавува Њукасл, кој го гледа како одлична замена за Исак.