Дома Фудбал Влаховиќ во Реал Мадрид – „бомба“ која наскоро може да експлодира

Влаховиќ во Реал Мадрид – „бомба“ која наскоро може да експлодира

Српскиот напаѓач и репрезентативец Душан Влаховиќ е пред можноста ова лето да ја напушти екипата на Јувентус и да продолжи кариера во друг клуб.

Според информациите кои пристигнуваат од странство, Влаховиќ е на листата на желби на Реал Мадрид, како што потврдија во емисијата “El Chiringuito de Jugones”.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


На Реал им е познато дека им треба (резервен) напаѓач кој би можел успешно да се вклопи во концептот на новиот тренер, Чаби Алонсо.

Многумина сметаат дека Влаховиќ е идеален избор за тимот, иако е јасно дека тој може да понуди многу повеќе од тоа што би значело место на клупата.

Неговиот договор со Јувентус трае до летото 2026 година, затоа ова е можеби и последната прилика за Јувентус да го продаде. Неговата пазарна вредност се проценува на околу 45 милиони евра, но Влаховиќ не е единствениот избор за Реал во овој момент.

Во Мадрид може да разгледуваат и други фудбалери како што се Анте Будимир, Жан Филип-Метета, Патрик Шик… Многу ќе зависи и од тоа дали Родриго ќе остане во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона одби 250.000.000 за Јамал, а се знае и од кого

Во Барселона е во тек кампања пред изборите за претседател на клубот, актуелниот челник Жо…