
Душан Влаховиќ веќе неколку месеци е во центарот на вниманието околу потенцијалното заминување од Јувентус, а српскиот репрезентативец разговараше за различни теми во последното обраќање до медиумите.
Влаховиќ на редовниот годишен настан „Џуниор репортер“ одговараше на различни прашања од децата, вклучувајќи и дали би бил голман:
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
„Мислам дека е тоа малку специфична улога, но на крајот сите нè штити. Никогаш не сум играл на таа позиција, можеби еден ден ќе се обидам“.
Дали повеќе ја сакаше школата или топката, одговорот беше едноставен:
„Фудбалот сигурно. На мајка ми повеќе ѝ беше грижа да одам на школо. Некое време правев и двете, но подоцна се фокусирав на фудбалот“.
Влаховиќ кажа и кој му е омилен фудбалер:
„Имав многу, но дефинитивно Кристијано Роналдо“, рече српскиот репрезентативец, а потоа доби и дополнително прашање дали можеби и Дел Пјеро е меѓу омилените:
„Не ми беше омилен“.