
По одличниот настап во дресот на репрезентацијата на Србија, Душан Влаховиќ се врати во Торино со зголемена самодоверба – и испрати силна порака до неговиот нов тренер.
Во двомечот против Австрија, со кој Србија го обезбеди останувањето во „А“ дивизијата на Лигата на нациите, Влаховиќ беше еден од најзабележаните играчи. Особено се истакна во Белград каде постигна гол во победата на „Орлите“ на стадионот „Рајко Митиќ“.
Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓
Враќањето во Јувентус доаѓа во момент на промени. Клубот од Торино го отпушти тренерот Тиаго Мота поради серија слаби резултати и подпросечни партии во Серија А. На клупата седна хрватскиот стручњак Игор Тудор, кој веднаш на почетокот покажа различен пристап – и доби охрабрувачки сигнал од српскиот напаѓач.
Имено, Тудор на сите играчи кои настапуваа за репрезентациите им даде дополнителен слободен ден. Сепак, Влаховиќ доброволно го одби слободното време и се појави на тренинг ден порано, што остави силен впечаток на новиот тренер.