Дома Фудбал Влаховиќ е минато: Јувентус го продава Србинот и купува 31-годишен напаѓач!?

Влаховиќ е минато: Јувентус го продава Србинот и купува 31-годишен напаѓач!?

Јануари започна, со тоа и шпекулациите за трансфери низ фудбалска Европа, а оваа зима, по сѐ изгледа ќе биде возбудлива во Торино, поточно во редовите на Јувентус.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Веќе подолго време се зборува за заминувањето на Душан Влаховиќ, а судбината на српскиот напаѓач сѐ уште е неизвесна во Торино.

Секој ден се појавуваат нови информации во врска со Влаховиќ.

Се појавија информации дека српскиот напаѓач би можел да замине за Париз во замена за Рандал Коло Муани, но многу пореална опција е заминување во Англија.

Арсенал е тим кој го посакува српскиот напаѓач. Тимот од северен Лондон бара „деветка“ и долго време се обидува да разговара со Јувентус за продажба на овој фудбалер.

Во Јувентус се чини дека се подготвуваат во случај Влаховиќ да го напушти Торино и веќе се во потрага по напаѓач.

Италијанските медиуми пренесуваат дека „Старата дама“ е заинтересирана за германскиот напаѓач Никлас Фулкруг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Левандовски е јасен: Си кажал што сака за да потпише за Јувентус или Милан!

Италијанските медиуми објавија дека полскиот напаѓач и играч на Барселона Роберт Левандовс…