Дома Фудбал Винисиус застана пред камерите и на целиот свет му ги откри своите планови – веднаш се јави и Крос (Фото)

Винисиус застана пред камерите и на целиот свет му ги откри своите планови – веднаш се јави и Крос (Фото)

Бразилскиот напаѓач Винисиус Жуниор синоќа за првпат беше капитен на Реал Мадрид, кој на стадионот „Аноета“ во Сан Себастијан го победи Реал Сосиедад со 1:0 во првиот натпревар од полуфиналето на Купот крал.

Винисиус доби можност да ја носи капитенската лента во отсуство на играчите кои, по хиерархија, се капитени во Реал.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Тони Крос, неговиот поранешен соиграч, се пошегува со објавата во која напиша: „Сега конечно можеш да разговараш со судиите“.

Винисиус по натпреварот застана пред камерите и ги реши прашањата околу неговата иднина. Веќе некое време се шпекулира дека би можел да замине во Саудиска Арабија и постојано се пишува за неморалната понуда што му ја подготвуваат на Блискиот Исток.

„Да бидам толку млад и веќе да имам одиграно толку натпревари е нешто што никогаш не сум ни замислувал, ниту сонувал. Наскоро ќе достигнам бројка од 300, но сакам повеќе – сакам да стигнам до 400 и 500. Се надевам дека ќе испишам историја во овој клуб“, рече Винисиус по натпреварот против Сосиедад.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола ги предупреди фудбалерите: На кого ќе му се случи тоа нема да игра!

По минатогодишната сезона, која беше најслабата за Пеп Гвардиола од кога тој е на кормилот…