Дома Фудбал Винисиус вложи милиони, стана сопственик на клуб

Винисиус вложи милиони, стана сопственик на клуб

Бразилскиот фудбалер Винисиус Жуниор, исто како и неговиот соиграч во Реал Мадрид, Килијан Мбапе, стана сопственик на фудбалски клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, Винисиус стана совласник на второлигашот Алверка во Португалија откако поранешниот сопственик Рикардо Висентин го продаде својот удел.

“ФК Алверка – Футебол објавува дека Рикардо Висентин го продаде својот квалификационен удел во јавното друштво со ограничена одговорност на група шпански и бразилски инвеститори”, се вели во соопштението на клубот.

Новите сопственици ќе бидат претставени во наредните неколку недели, пишува португалскиот “Рекорд”.

Истакнуваат дека станува збор за конзорциум на шпански и бразилски инвеститори, меѓу кои е и Винисиус Жуниор.

Алверка моментално е второпласирана екипа во Втората португалска лига и има добри шанси за пласирање во елитата на португалскиот клупски фудбал.

Да потсетиме, Мбапе минатото лето вложи 20 милиони евра во мнозинскиот пакет акции од Каен, кој се натпреварува во Втората француска лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Англичаните непријатно изненадени: Еве што доживеаја пред натпреварот со Мексико на Светското првенство

Фудбалерите на Англија и Мексико ќе играат во понеделник во два часот по средноевропско вр…