Дома Фудбал Винисиус испрати порака која треба да внесе „страв и трепет“ кај навивачите на Арсенал

Винисиус испрати порака која треба да внесе „страв и трепет“ кај навивачите на Арсенал

Фудбалерите на Арсенал стекнаа голема предност после првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Натпреварот одигран на Емирати понуди два феноменални гола од Деклан Рајс и еден убав гол на Мерино за големата победа на „Топчиите“.

Арсенал така пристигнува во Мадрид со водство од три гола, но сигурно е дека задачата не е завршена.

Винисиус испрати јасна порака до навивачите на Реал Мадрид, но ниту малку нема да им се допадне на оние што го сакаат Арсенал.

Бразилецот подвлече дека чудата веќе се направени на Сантјаго Бернабеу.

„Нема изговори. Лош натпревар. Време е да се поправиме и да се бориме на Бернабеу. Работите секогаш се одвиваат на теренот и можеме да повториме некои работи. Бориме се до крај, секогаш“, напиша Винисиус.

Фото: Real Madrid/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета пред добивање на нов договор што ќе го стави меѓу најплатените тренери во светот

По освојувањето на Премиер лигата првпат по 22 години, Арсенал планира да го награди шпанс…