Бразилскиот фудбалер Оскар (33) по осум години го напушта Шангај. Офанзивниот играч за врска се прости од навивачите кои го скандираа неговото име по ремито со Гвангжу (1:1).
Во кинескиот клуб одигра 248 натпревари, постигна 77 гола и запиша 141 асистенција. Освои пет трофеи, а како капитен си заминува од Шангај.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Кариерата ја започна во Сао Паоло, а потоа замина во Интернасионал. Неговиот најдобар период беше од 2012 до 2017 година, кога постигна 38 и асистираше 33 гола во 203 натпревари во Челзи, двапати ја освои Премиер лигата, Лига Европа и Лига Купот на Англија еднаш.
Со оглед на тоа што играше во лондонски клуб и беше репрезентативец на Бразил, неговиот трансфер на 26-годишна возраст во клубот од Шангај во 2017 година беше изненадување бидејќи играчи кои се на крајот од кариерата најчесто заминуваа во Кина.
Кинезите го платија 60 милиони евра, а Дејли Мејл пишува дека за осум години заработил околу 200 милиони евра. Не се знае дали ќе ја заврши кариерата, ќе дојде во Европа или ќе се врати во Бразил.
After 8 years at the club, Oscar is set to leave Chinese side Shanghai Port.
— george (@StokeyyG2) December 4, 2024
He was moved to tears as fans begged him to stay after yesterday’s game… pic.twitter.com/fWefwZaW8c