Дома Кошарка ВИДЕО Неверојатен пресврт на Индијана и кош 0,3 секунди пред крајот за победа во финалето на НБА

ВИДЕО Неверојатен пресврт на Индијана и кош 0,3 секунди пред крајот за победа во финалето на НБА

ИНДИЈАНА ПЕЈСЕРС направи драматичен триумф против Оклахома Сити Тандер со 111:110 и поведоа со 1:0 во финалната серија на НБА, која се игра до четири победи.

Херојот на оваа извонредна победа беше Тајрис Халибартон. Тандер имаше водство од 110:109 и шут за победа 11 секунди пред крајот. Но, МВП на најсилната лига, Шеј Гилџис-Александер, промаши. Халибартон ја презеде топката и со скок-шут во последните 0,3 секунди донесе пресврт, прво водство на Пејсерс на мечот и победа.

Играчите и навивачите на домаќините во преполната сала во Оклахома Сити беа во шок, бидејќи Тандер водеше целиот натпревар и тоа убедливо. Во последната четвртина, тие имаа дури 15 поени предност. Домаќините исто така имаа разлика од пет поени на 1:27 минути пред крајот, но не успеаја да ја одржат и да победат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Мега во нов кошаркарски проект: АТЛАС спојува 11 екипи од два континента

Младинците на Мега ќе играат во новата меѓународна лига АТЛАС, чиј календар води од Флорид…