Во натпреварот од 17. коло на Ла Лига, Барселона беше поразена од Леганес со резултат 0:1.
Така, Каталонците не успеаја да го искористат киксот на Реал Мадрид против Рајо Ваљекано (3:3) и со тоа повторно да ја зголемат предноста во однос на Кралевите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Барселона и покрај поразот и натаму е прва, но исто толку бодови има и второпласираниот Атлетико, додека Реал е трет со бод помалку. Двата мадридски тима имаат одиграно еден натпревар помалку.
Леганес поведе на самиот почеток, во 4. минута од натпреварот, кога погоди Серхио Гонзалес. Гостите изведоа корнер, а дефанзивецот на Леганес беше највисок во скокот и погоди за водство на својот тим.
Погледнете го голот ТУКА. Барселона имаше конкретна можност за враќање во 34. минута, кога Роберт Левандовски имаше голема шанса, но гостинскиот голман Марко Дмитровиќ одлично интервенираше и го спречи израмнувањето.
Во 60. минута Барселона побара пенал поради падот на Рафиња во шеснаесетникот на Леганес, но судијата Гонзалес не се согласи. Во 79. минута Жил Кунде пропушти одлична прилика. По акцијата Французинот шутираше од десната страна на околу 10 метри од противничкиот гол, но Барселона не ја искористи ниту таа шанса. Резултатот не се промени до крајот на натпреварот.