
Големото градско дерби во Тел Авив помеѓу Хапоел и Макаби беше прекинато пред да започне. Дербито помеѓу Хапоел и Макаби од Тел Авив, кое требаше да го означи враќањето на големото ривалство на израелската фудбалска сцена, се претвори во целосен хаос пред топката воопшто да ја допре тревата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Натпреварот од израелската Премиер лига беше прекинат откако навивачи од двата тима предизвикаа нереди на трибините.
Од трибините летаа факли, димни бомби, па дури и камења, што ја натера полицијата веднаш да реагира и да го испразни теренот.
Судиите и играчите беа вратени во соблекувалните, а почетокот на натпреварот прво беше само одложен.
Сепак, ситуацијата брзо се влоши, а полицијата потврди дека е повредени повеќе лица.