Вечерва на програмата се девет натпревари од 5. коло во Лигата на шампионите.
Предвидени се два натпревари од 18 часот и 45 минути.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан е голем фаворит против Слован во Братислава, каде сака да ја продолжи победничката серија. Росонерите славеа на последните два меча против Реал во Мадрид и Клуб Бриж во Италија.
Од друга страна, Атлетико Мадрид и гостува на Спарта во Прага.
Седум натпревари ќе се одиграат нешто подоцна од 21 часот.
Барселона го пречекува Брест. Каталонците го посакуваат четвртиот триумф во низа во најелитното фудбалско натпреварување во Европа. Пред нив ќе биде тешката екипа на Брест, која нема пораз на воведните четири натпревари.
Едно од дербито на колото ќе се одигра меѓу Баерн и ПСЖ во Минхен. Спортинг го пречекува Арсенал без Рубен Аморим кој дебитираше во Манчестер Јунајтед како тренер.
Други натпревари: Баер Леверкузен – Салцбург, Интер – Лајпциг, Манчестер Сити – Феенорд и Јанг Бојс – Аталанта.