
Вардар веќе активно работи на составот за наредната сезона, а според најавите, фокусот е ставен на засилување на бековските позиции.
„Црвено-црните“ наводно го следат десниот бек Мохаб Абделхак од германски Кил, ракометар висок 194 сантиметри, кој во кариерата има настапувано и за Ал-Ахли и Ним. Покрај него, на радарот на Вардар е и белорускиот лев бек Уладзислау Кулеш од Мелсунген, зад кого стои искуство од клубови како Хановер, Виве Кјелце и Минск.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Како дополнување на ростерот, скопскиот тим размислува и за ангажман на македонскиот репрезентативец Марко Стојковиќ, кој моментално настапува за Алкалоид.