Дома Фудбал Ван Дајк конечно одлучи каде ќе игра наредната сезона (Фото)

Ван Дајк конечно одлучи каде ќе игра наредната сезона (Фото)

Вирџил Ван Дајк веќе со недели е во фокусот на вниманието поради шпекулациите за тоа каде ќе игра следната сезона. Холанѓанецот реши да стави крај на сите приказни и јасно да каже како стојат работите.

За Холанѓанецот претходниве недели се шпекулираше дека ќе го напушти Ливерпул и дека ПСЖ е најблиску да го доведе.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Сепак, изгледа дека во Ливерпул конечно се освестија и решија да реагираат по континуираните пораки од навивачите дека клубот не смее така лесно да се откаже од Салах и Ван Дајк кои сè уште се клучни играчи на „црвените“.

По низата шпекулации, Ван Дајк одлучи конечно да зборува за новиот договор и со неговата изјава ги израдува навивачите на Ливерпул.

„Нов договор? Да, има напредок во преговорите. Тоа се преговорите што ги водиме веќе некое време и напредуваме. Го сакам овој клуб, го сакам Ливерпул и ги сакам овие навивачи“, рече Ван Дајк.

Фото: Ливерпул ФК/ФБ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо има проблем, Реал без Мбапе не може да победи ниту третолигаш

Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, изрази задоволство по победата во Кралскиот куп прот…