Дома Фудбал Вакво нешто првпат се случува во историјата: Татко и син во различни клубови добија откази во ист ден

Вакво нешто првпат се случува во историјата: Татко и син во различни клубови добија откази во ист ден

Необична приказна пристига од грчката Суперлига! За првпат во историјата, татко и син добија отказ од клупите на две различни прволигашки екипи во еден ист ден, со разлика од само неколку часа.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Прв ја загуби својата позиција синот, Гиорго Петракис, кој го водеше АЕЛ. Неговиот тим беше поразен на домашен терен од Волос (2:5), завршувајќи на 12. место со само четири бода на табелата.

Неколку часа подоцна, истата судбина ја доживеа и неговиот татко, Јанис Петракис. Панетоликос, каде што беше тренер, беше убедливо поразен на гостувањето кај Левадијакос, примајќи шест голови, по што раководството на клубот реши да го отпушти.

Постариот Петракис го остави Панетоликос на претпоследното, 13. место во грчката Суперлига со само четири освоени бода од шест натпревари, со најлошата одбрана во лигата, примајќи дури 12 голови.

Да останеле на позициите уште четири кола, таткото и синот Петракис ќе се сретнеле во меѓусебен дуел, но тренерската работа е сурова, пишува грчкиот портал СДНА.

Standings provided by Sofascore
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов потпис во Мадрид: Бараше договор на две години, но попушти и ќе потпише на една!

Шпанскиот гигант Реал Мадрид продолжува со стабилизација на тимот за следните сезони, отка…