
Челси повторно беше активен на трансфер пазарот ова лето, но одреден број на играчи кои сакаа да ги продадат, на крај oстанаа во клубот.
Еден од фудбалерите кои беа планирани за продажба беше Рахим Стерлинг. Тој требаше да ја продолжи кариерата во друг клуб, но интерес за негов ангажман не покажале други клубови.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Според информациите, Англичанецот не успеа да се наметне во Челси и сега е далеку од вниманието на клубот, односно паднал на трет или четврт план.
Ова лето Челси донесе неколку квалитетни засилувања, меѓу кои се и Жоао Педро, Џејми Гитанс и Алехандро Гарначо.
Сепак, продажбите на фудбалерите не беа на соодветно ниво за да се направ рамнотежа на буџетот за тековната сезона.
Нони Мадуеке направи трансфер во Арсенал, Кристофер Нкунку замина во Милан, а Жоао Феликс ја продолжи кариерата кај Кристијано Роналдо во Ал Наср.
Стерлинг е еден од играчите кои не успеааа да најдат нов клуб, иако беше поврзуван со Фулам и Кристал Палас во последните моменти од летниот трансфер период.
Како последица на ова, Стерлинг сега тренира одделно од првиот тим на Челси, а така ќе биде до јануари кога би требало да пронајде нова средина.
Според новинарите од The Times, Стерлинг не сака да ја продолжи кариерата во друга земја, туку сака да остане во Англија.
Се очекува тој да остане во Челси до јануари, кога повторно ќе има можност да бара нов клуб и да донесе одреден приход за Челси.
Енцо Мареска не го гледа Стерлинг во своите планови, па така ќе продолжи да тренира одделно, поставувајќи прашање дали воопшто ќе се приклучи на соиграчите.
“Не, моментално не е блиску до тоа. Не сум сигурен дури ни дали ќе биде. Тој не е со нас, тренира одделно и тоа на друг терен”, истакна Мареска.
Стерлинг пристигна во Челси од Манчестер Сити во 2022 година за сума повеќе од 50 милиони евра и има плата од над 350 илјади евра неделно.
Во дресот на Челси одигра 81 натпревар во сите натпреварувања, но не заигра од крајот на сезоната 2023/2024, бидејќи минатата сезона беше на позајмица во Арсенал.
За тимот од “Емирати” одигра 28 натпревари, при што постигна еден гол.