Дома Фудбал Вакво нешто никогаш претходно не се случило: Второлигаш може да игра во Лигата на шампионите!

Вакво нешто никогаш претходно не се случило: Второлигаш може да игра во Лигата на шампионите!

Поради правилата на УЕФА, постои можност првпат да гледаме клуб од втората лига во Лигата на шампионите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Нотингем Форест се наоѓа во необична ситуација, додека бележат успеси на европската сцена, нивната положба во домашното првенство е на стаклени нозе. Со победата против Порто обезбедија полуфинале во Лига Европа, каде што ќе се соочат со Астон Вила. Доколку триумфираат во тој натпревар, ќе добијат директно место во Лигата на шампионите за наредната сезона.

Сепак, покрај успехот во Европа, Форест и натаму се бори за опстанок во Премиер лигата и се еден од најголемите кандидати за испаѓање, заедно со Тотенхем.

Доколку остварувањето на најлошото сценарио значи испаѓање, Форест би можел да заврши во Чемпионшип, но истовремено да биде дел од Лигата на шампионите што би создало речиси невозможен распоред.

Втората англиска лига брои дури 46 натпревари, со чести средби во средината на неделата, кои би се преклопувале со европските термини. Со дополнителните куп натпреварувања, клубот би се соочил со огромни логистички и физички предизвици.

Анлиски клубови како Бирмингам и Виган веќе играле во европски натпреварувања по испаѓање од Премиер лигата, но со помалку натпревари отколку денес. Поради проширениот формат на европски натпреварувања, Форест би се соочил со уште поголем напор, што ја прави оваа ситуација не само фасцинантна туку и исклучително предизвикувачка.

Пласман обезбеден од Sofascore
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар може да стане шампион в петок

Вардар е на чекор до нова шампионска титула во македонскиот фудбал, откако беа потврдени т…