Дома Фудбал Останато Усик изненади: Сака да дебитира во друг спорт заедно со Џејк Пол

Усик изненади: Сака да дебитира во друг спорт заедно со Џејк Пол

Олександр Усик, 38-годишниот украински боксер, речиси една година е неспорен светски шампион. До таа титула стигна откако во мај минатата година го победи Тајсон Фјури и ја освои титулата по WBC, последната која му недостасуваше. Сите тие титули ги одбрани против истиот боксер во дванаесеттиот месец и сега чека следна борба.

Со оглед на тоа што ги победи повеќето од најголемите борци, тешко му е да најде противник. Неговата следна борба треба да биде против Британецот Даниел Дубоа, но на Усик не му е непознато да се бори и со инфлуенсерот и боксер Џејк Пол, и тоа не во бокс. Плановите ги претстави во разговор за OLBG неговиот менаџер Сергеј Лапин.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


“Усик се бори за своето наследство. Сака да биде запаметен како еден од најдобрите во историјата и ќе видиме која борба ќе му претставува најголем предизвик. За него би било одлично да се бори со Пол и многу е заинтересиран за тоа, но исклучиво по ММА правила. Таа борба би била многу интересна ако има пари во неа. Добар противник би бил и УФЦ шампионот Алекс Переира”, изјави Лапин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ѓоргиев: Историски ден, ќе го паметам до крајот на животот!

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва славеше против Грузија и со таа победа офи…