Дома Фудбал УЕФА започнува истрага дали навистина човек од тимот на Атлетико плукнал навивачи на Ливерпул

УЕФА започнува истрага дали навистина човек од тимот на Атлетико плукнал навивачи на Ливерпул

УЕФА ќе започне своја истрага за вчерашните инциденти меѓу навивачите на Ливерпул и тимот на Атлетико Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тренерот на “јорганџиите” Диего Симеоне доби црвен картон, откако влезе во конфронтација со навивач на Ливерпул, кој според аргентинецот, го навредувал целиот натпревар. Самиот навивач објави видео, во кое тврди дека еден од асистентите на Симеоне го плукнал.

Според “Би Би Си”, шпанскиот клуб исто така ќе направи своја истрага за целиот инцидент, кој се случи по победничкиот гол на Вирџил ван Дајк во надополнетото време на натпреварот, одигран на “Енфилд”. Ливерпул ќе ги достави сите достапни снимки.

“Дејли Телеграф” тврди дека човекот кој плука во правец на навивачите и потоа се обидува да ги прска со вода е диетологот на Атлетико, Давид Лагос.

Дали УЕФА ќе преземе дисциплински мерки, ќе зависи и од извештаите на официјалните лица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трабзонспор не застанува: Договорен е напаѓач, играше со Салах во Ливерпул

Искусниот 27-годишен уругвајски напаѓач е ново засилување за Трабзонспор. Интересно е дека…