
Поранешниот играч од средниот ред на Манчестер Сити и Њукасл Јунајтед, Џои Бартон (43), беше приведен под сомнение за нанесување телесни повреди по наводен инцидент во еден голф клуб.
Инцидентот се случил во неделата, на 8 март, доцните часови во спортски комплекс на подрачјето на Мерсисајд, а после тоа беше одведен од локалната полиција.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Според пишувањето на Дејли Мејл, Бартон бил еден од двајцата мажи уапсени по конфликтот во близина на голф клуб. Итните служби биле повикани по примениот повик за напад.
Се претпоставува дека расправијата започнала внатре во зградата на клубот, а надвор од објектот било употребено оружје, при што Бартон можеби дејствувал во самоодбрана.
Еден маж бил пренесен во болница за проценка на повредите на лицето и ребрата, а полицијата започнала истрага за целиот инцидент.