Репрезентативецот на Македонија Тихомир Костадинов доби место во тимот на 11. коло во шампионатот на Словачка.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Костадинов беше стрелец за Ружемборк во ремито против Похроние и така неговиот тим го задржа одличното трето место на првенствената табела.




Ружемборк има солидни резултати на почетокот на сезоната, а Костадинов со својата добра форма и минутажата која ја има и тоа како придонесува. Добрата форма на Костадинов можеме да ја забележиме и во натпреварите на Македонија.
