Дома Фудбал Тудор дебитираше со реми на клупата на Јувентус: Погледнете ги головите

Тудор дебитираше со реми на клупата на Јувентус: Погледнете ги головите

Фудбалерите на Рома и Јувентус одиграа нерешено во дерби натпреварот од 31. коло на италијанската Серија А со резултат 1:1. Хрватскиот стратег Игор Тудор така дебитираше со реми на клупата на новиот тим.

Старата Дама беше многу подобар противник во првиот дел. Поведе со голот на Локатели во 40. минута, а можеа да ја зголемат предноста откако Влаховиќ ја погоди пречката.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Казната стигна на почетокот на вториот дел кога резервистот Шомуродов го постави конечниот резултат.

По овој освоен бод, Јувентус е 5. на табелата на Серија А со 56 бодови, додека Рома е 7. со три бода помалку.

Фото: juventus.com

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Де Брујне нема да ја носи легендарната „десетка“ на Марадона

Белгискиот ас Кевин Де Брујне и официјално е едно од најголемите засилувања на Наполи во п…