Ла Лига оваа сезона нуди една од највозбудливите трки за титулата и е големо прашање кој на крајот ќе се радува.
Барселона ја продолжува својата борба со тимовите од Мадрид, а како стојат работите во овој клуб, ќе има големи промени на крајот од сезоната.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Имено, еден од фудбалерите кој скоро сигурно ќе ја напушти Барселона е бразилецот Рафиња, кој беше стартер во 24 од 25 лигашки натпревари оваа сезона и постигна 13 голови.
Како што тврдат странските медиуми, договор околу нова соработка на релација Барселона – Рафиња нема, и раководството на Барселона е подготвено на се само да го продаде.
Рафиња пристигна во Барселона во 2022 година од Лидс Јунајтед и актуелниот договор го врзува за Барселона до летото 2027 година.