Дома Фудбал Три ѕвезди на Реал Мадрид повредени пред реваншот против Атлетико!

Три ѕвезди на Реал Мадрид повредени пред реваншот против Атлетико!

Лоши вести пристигнуваат за навивачите на Реал Мадрид по натпреварот со Рајо. Повредени се три ѕвезди на Кралевите пред реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Атлетико.

Според пишувањето на шпанските медиуми, Винисиус Жуниор се здобил со удар на палецот од десната нога, додека Џуд Белингам ја повредил десната натколеница.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Родриго добил удар на метатарзалната коска од левото стапало, која веќе била проблематична.

Добрата вест во сето ова е што повредите на прв поглед не изгледаат сериозно, па во најдобар случај сите тројца фудбалери би можеле да бидат во конкуренција за мечот со Атлетико.

Сепак, сè ќе биде сигурно потврдено откако ќе се направат медицински прегледи кои се закажани за денес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сандерленд се засили со играч на ПСЖ

Сандерленд го донесе Норди Мукиееле од Пари Сен Жермен, соопштуваат од англискиот клуб. До…