Дома Фудбал Паоло Дибала би можел да направи неочекуван трансфер

Паоло Дибала би можел да направи неочекуван трансфер

Аргентинскиот фудбалер, Пауло Дибала, наскоро би можел да направи интересен трансфер и да ја напушти Италија. Неговите агенти веќе работат на тоа.

Еден од играчите на кој летово му истекува договорот со клубот е Пауло Дибала, кој од 30 јуни ќе биде слободен играч доколку не потпише продолжување на соработката во меѓувреме.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во Рома пристигна летото 2022 година како слободен играч откако по седум години играње за Јувентус го напушти Торино.

Се спомнувало пред неколку месеци како за неговите услуги бил заинтересиран Фенербахче, но сега пристигнуваат спротивни информации.

Како што стојат работите сега, Пауло Дибала е најблизу до најголемиот ривал на Фенер, екипата Галатасарај.

Агентот на Пауло Дибала, Карлос Новел, дојде во Истанбул за да се сретне со претставниците на Галата пред потенцијален трансфер.

Оваа сезона за Рома во сите натпреварувања Пауло Дибала има 18 настапи и постигна два гола со една асистенција.

Да додадеме дека овој 31-годишник запишал и 40 настапи за репрезентацијата на Аргентина, постигнувајќи четири гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…