Фудбалерите на Милан имаа големи проблеми на натпреварот од шестото коло во Лигата на шампионите против Црвена звезда, но на крајот победија со 2:1.
Италијанците поведоа во 42. минута со голот на Рафаел Леао, но во 67. израмни српскиот тим со одличниот гол на Немања Радоњиќ. Српскиот тим го задржа тој резултат до 87. минута, кога погоди Теми Абрахам.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фудбалерите на Црвена звезда збеснаа по голот на англискиот напаѓач и побараа фаул во напад. И ВАР ја разгледа ситуацијата, но шпанскиот судија Хесус Гил Манцано не ја промени својата одлука. Голот на Абрахам можете да го погледнете ТУКА.
Особено бесен беше тренерот на Звезда, Владан Милојевиќ, кој не можеше да се помири со судиската одлука.
„Искрено да ви кажам, би им честитал на играчите, би му честитал на целиот клуб. Сега можеме да повлечеме линија, јас сум тренер, јас сум спортист, а кога сме поразени, тоа не е проблем. Тешки порази, никогаш никому ништо не сум рекол, пенал што не ни е досуден во Монако, срамота е дали е ова грабеж или не, не можам да зборувам. Не можам ова да го опишам.
Звезда е голем клуб на Балканот, можеби и најголемиот. Заедно со историјата на српската нација која е мала и горда. Нема да бидеме како другите, ќе бидеме тоа што сме и затоа сум горд на моите играчи. Срамота е, нека направат затворена лига. Не ги ни коментирав ниту нашите навивачи кои не можат да дојдат“, рече Милојевиќ.
„Навистина сум многу разочаран од одлуката на судијата. Толку арогантен, ова не сум го видел во животот. Не е важно, да продолжиме понатаму. Доброто е што дадовме колку што можевме.Мислам дека ова е незаслужено.
Сега пораз, за што ќе зборуваме. Да продолжиме понатаму, а она што можам да го кажам е дека сме горди што го претставуваме нашиот клуб, нашата земја на најдобар начин, се друго не зависи од нас. Можеби сме мала ѕвезда во Европа. Горд сум на играчите кои дадоа се, сакавме резултат“, заврши тој.