Дома Фудбал Трансферот на Дибала би предизвикал вистински потрес!

Трансферот на Дибала би предизвикал вистински потрес!

Пауло Дибала започнал преговори со раководството на Бока Јуниорс!

Според италијанските медиуми, Дибала со задоволство би го облекол дресот на еден од најголемите јужноамерикански клубови.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Тој има договор со Рома до летово, нема навестувања дека ќе потпише нов, а моментално најголем интерес за него покажува токму Бока Јуниорс.

Дибала би можел да се врати во татковината по 14 години, откако своевремено како тинејџер го напушти Институтото и премина во Палермо за 12.000.000 евра.

Целата кариера ја помина во Италија, играјќи за Палермо, Јувентус и потоа Рома во која пристигна летото 2022.

Дибала имаше бројни проблеми со повреди кои најмногу влијаеја на развојот на неговата кариера.

Оваа сезона одигра 22 натпревара, постигна три гола и направи четири асистенции.

Тој и понатаму се надева дека би можел да биде во авионот за Светското првенство 2026 година, иако конкуренцијата е навистина жестока.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Започна изградбата на најголемиот стадион во светот: Ова е Тронг Донг и нешто досега невидено

Изградбата на најголемиот стадион во светот официјално започна. Стадионот ‘Тронг Дон…