Дома Фудбал Останато Трамп ќе биде првиот американски претседател на Супербоул

Трамп ќе биде првиот американски претседател на Супербоул

Доналд Трамп во недела ќе присуствува на Супербоулот и така ќе стане првиот американски претседател на должност кој како гледач ќе биде на завршниот натпревар од плејофот на НФЛ. Американскиот лидер во недела ќе ја гледа финалната средба од американски фудбал во Њу Орлеанс, која ќе се одигра меѓу Канзас Сити Чифс и Филаделфија Иглс, потврди функционер на Белата куќа, потврдувајќи ги информациите на американските медиуми.

Трамп ќе биде првиот актуелен претседател кој ќе присуствува на најголемиот годишен спортски настан во Соединетите Американски Држави, кој се одржува секоја година со завршувањето на плејофот на НФЛ. Медиумите потсетуваат дека Трамп често имал голема поврзаност со НФЛ.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Во 2017 година, тој го доведе во прашање патриотизмот на играчите кои клечеа за време на изведбата на американската химна со цел да укажат на проблемите со расната неправда. Неговите критики тогаш предизвикаа бран протести меѓу играчите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Maрко Пејчиновски влегува во нов спортски предизвик: Ќе плива, трча и вози велосипед за да помине над 100 километри! (Видео)

Македонскиот пливач, Марко Пејчиновски кој денес има 19 години стана познат на македонскат…