После долги години во редовите на Баерн Минхен, Томас Милер би можел да ја промени средината.
Според најавите Милер кариерата би можел да ја продолжи во Премиер лигата, а интерес за него веќе покажале Њукасл и Евертон. Милер до крајот на својот договор со Баерн има уште 18 месеци.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Информациите дека Њукасл и Евертон се заинтересирани за Милер ги потврди и Кристијан Фалк, новинар кој важи за добро упатен со случувањата во Бундеслигата, а посебно Баерн.
Германецот целата своја кариера ја помина во Баерн Минхен и актуелната сезона за Милер е 14-та на сениорско ниво.
TRUE✅ @Everton and @NUFC want @esmuellert_ (contract til 2023 at @FCBayern) pic.twitter.com/vDYu9ldi83
— Christian Falk (@cfbayern) January 26, 2022