Дома Македонски спорт Мак ракомет Toмовски: Знаеме дека Романија е сериозна репрезентација и ја респектираме

Toмовски: Знаеме дека Романија е сериозна репрезентација и ја респектираме

Македонија на 17. во четврток ја очекува баражот против Романија, а голот на нашата селекција за овој двомеч ќе го чуваат Мартин Томовски, Никола Митревски и Марко Кизиќ.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Голманот на Вардар зборуваше за медиумите на денешниот прв тренинг на репрезентацијата.

„Полека созреваме како репрезентација. Во натпреварот со Романија треба да влеземе без еуфорија затоа што така ќе го потврдиме нашиот квалитет. Знаеме дека Романија е сериозна репрезентација и ја респектираме. Од Европското првенство во Дебрецин извлековме многу лекции, но сега секој од нас си ја знае задачата и спремни сме за Романија“, изјави Томовски.

По натпреварот во Скопје два дена подоцна Македонија ја очекува вториот натпревар против Романија кој ќе го играме на гостински терен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Ули Хенес: Барсенало нема пари за Хари Кејн

Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес, го пофали Хари Кејн. Зошто проблемот со …